29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа повидок сензационална трампа

На повидок сензационална трампа

ibra

Тренерот на Јувентус, Антонио Конте јасно стави до знаење дека италијанските тимови во иднина неможе да се надеваат на освојување на Лигата на шампионите доколку не вложуваат пари и не доведуваат врвни играчи. Токму во овој смер се движи проектот на Јувентус за торинскиот тим да се врати на врвот на Европа каде не биле од далечната 1996-та година.

Поради таа причина челниците на „старата дама“ подготвуваат трансфер „бомба“ за летниот преоден рок, односно враќање на Златан Ибрахимовиќ во тимот.

Јувентус внимателно ги следи случувањата во ПСЖ, поточно желбата на Швеѓанецот да се врати на Апенинскиот полуостров. Швеѓанецот кариерата во Италија ја започна токму во Јувентус по доаѓањето од Ајакс во 2004-та година, но сериозна се замери со навивачите на Јуве кога во 2006-та година се пресели во Интер, откако Јувентус беше префрлен во Серија Б по аферата „калчополи“.

Сепак квалитетот на Ибрахимовиќ е неопходен за Јувентус во желбата да дојдат до завршницата на елитното натпреварување и обидот да ја освојат Лигата на шампионите, според италијанските медиуми торинскиот клуб е подготвен во Париз да го прати Артуро Видал и плус пари.

Интересно Јуве и ПСЖ тука не би ја завршиле работата. Имено „старата дама“ е заинтересирана и за Марко Верати кој би можел да биде идеална замена за Андреа Пирло, додека во спротивниот правец би заминал Стефан Лихтштајнер кој е голема желба на тренерот на „светците“ Карло Анчелоти.

Останува да се види што точно ќе се случува на реалација Торино-Париз, но без сомневање ќе биде многу возбудливо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП