ПочетнаИНТЕРЕСНОСтеф Кари нема да игра на ОИ во Бразил

Стеф Кари нема да игра на ОИ во Бразил

this

Двократниот МВП во НБА лигата, Стеф Кари, нема да биде во составот на репрезентацијата на САД која ќе настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

„По многу размислување и неколку дискусии со семејството и мојот клуб, решив да го повлечам моето име од репрезентативниот список пред ОИ во Бразил. Моите искуства во репрезентацијата на САД се сјајни. Многу научив и уживав и поради тоа оваа одлука е тешко донесена. Неколку фактори влијаеа на донесувањето на оваа одлука, тука се вклучени и повредата на зглобот и коленото и верувам дека ова е најдобро за мојата кариера“, стои во соопштението на Кари.

Стеф Кари со репрезентацијата на САД освои два златни медали на Светските првенства во 2010 и 2014 година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП