ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на фунтата паѓа заради можниот излез на Британија од ЕУ

Вредноста на фунтата паѓа заради можниот излез на Британија од ЕУ

funta

Британската фунта денеска падна на тринеделен минимум откако двете анкети покажаа дека повеќе гласачи се за излез на земјата од Европската унија (ЕУ) отколку за останување, пренесува „Bloomberg“.

Резултатите од новите анкети ги обновија стравувањата дека референдумот на 23 јуни во Велика Британија би можел да предизвика хаос на светските берзи и да ја поткопа довербата во ЕУ.

Банката на Англија соопшти дека неизвесноста околу референдумот го загрозува економскиот раст на Велика Британија, додека меѓународните институции како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Организацијата за економска соработка и развој предупредија на кобните последици од излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Анкетата YouGov за телевизијата ITV покажа дека 45 отсто би поддржале излегување, додека 41 отсто е за останување во ЕУ.

Заедно со фунтата во однос на доларот ослабе и еврото заради загриженоста дека Брегзит би го загрозил тргувањето, но и би ги охрабрил другите членки да бараат преговори за условите за членство.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП