ПочетнаЕКОНОМИЈАШтета од над една милијарда евра од лошото време во Франција

Штета од над една милијарда евра од лошото време во Франција

franc poplava

Штетите од катастрофалните поплави во Франција надминуваат 1 милијарда евра. Тоа, сепак, се само првичните проценки. Според некои осигурителни компании износот може да достигне и две милијарди.

Министерот за финансии, Мишел Сапен се обиде да поднесе некое успокојување, велејќи дека поплавите нема да имаат негативно влијание врз економијата, бидејќи е погодена само ограничена територија од земјата.

Во меѓувреме, нивото на реката Сена продолжува да опаѓа и веќе е под 6 метри, соопштуваат француските медиуми.

Се уште остануваат затворени Лувр и музејот Орсе во Париз.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП