ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската економија се намалува за 1,1% до крајот на април

Руската економија се намалува за 1,1% до крајот на април

moskva774

Падот на рускиот бруто домашен производ (БДП) во периодот јануари – април 2016-тa година е во рамките на 1,1%, покажуваат податоците на Министерството за економски развој, цитирани од агенциите.

Сезонски прилагодените податоци само за април покажуваат дека БДП-то на Русија се намалува за 0,1% на месечна основа.

Намалувањето на руската економија е предизвикано од негативната динамика во производството на минерали, градежништвото и трговијата на мало, прецизира Интерфакс. Позитивен развој сепак забележаа обработувачката индустрија и земјоделството.

Според првичните проценки на руската статистичка служба „Росстат“ во првиот квартал БДП-то на Русија се намалува за 1,2 отсто.

Податоците на Министерството за економија на земјата покажуваат дека падот во трговијата на мало се забавува – во април тој е во рамките на 0,2%. Месец порано, во март, беше од 0,8 отсто. За целиот период од јануари до април брзината во трговијата на мало се намалува за 5,2 отсто на годишна основа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП