23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСезонски првенец за Хамилтон

Сезонски првенец за Хамилтон

хамилтон-хам

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ја забележа првата победа во сезоната, откако победи на трката за Големата награда на Монако. Британецот со оваа победа ја намали предноста на клупскиот колега Розберг во генералниот пласман на 26 бодови.

Хамилтон, со одлично возење, добра тактика и неочекуваната „помош“ која ја доби од тимот на Ред Бул победи низ улиците на Монте Карло.

Британецот трката ја започна од третата позиција, во 16-от круг го мина Розберг, а потоа ја започна потерата по лидерот Рикардо.

Клучниот момент на трката се случи во 32-от круг, кога Ред Бул го повика Рикардо во боксот, без претходно да бидат подготвени пневматиците. Австралиецот загуби драгоцени секунди, Хамилтон изби на врвот каде остана до крајот на трката.

Третото место го освои Серхио Перез, што е најдобар пласман за Форс Индија оваа сезона.

Бодови во Монако освоија уште Фетел (Ферари), Алонсо (Мекларен), Розберг (Мерцедес), Хилкенберг (Форс Индија), Саинс помладиот (Торо Росо), Батон (Мекларен) и Маса (Вилијамс).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП