ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува првиот флексибилен телефон со екран од графен

Пристигнува првиот флексибилен телефон со екран од графен

fleksi 335

Првиот флексибилен мобилен телефон на светот со екран направен од графен на пазарот би требало да се појави до крајот на 2016-та година.

Уредот на кинеската компанија „Moxi Group“ е толку флексибилен, така што може да се носи на раката како нараквица.

Графенот, револуционерниот материјал од кој телефонот е направен, во 2004-та година го создадоа научниците Андре Гајм и Костја Новоселов од Универзитетот во Манчестер, кои за својот изум добија Нобелова награда.

Графенот е потенок од влакно коса и е 200 пати појак од челикот.

Компанијата „Moxi“ најавува дека до крајот на годината ќе испорача 100.000 нови мобилни телефони по цена од 776 долари.

Телефонот за почеток ќе има едноставен црно-бел екран, но компанијата претстави и верзија во боја, која ќе има можност да прикажува видео снимки.

Неговата должина ќе изнесува 5,2 инчи и ќе тежи 200 грама.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП