ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален индексот на цените во земјоделството

Намален индексот на цените во земјоделството

zemjodelski proizvodi 3354

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.5%, а кај аутпутот намалувањето е за 13.1%.

Во април 2016 година, во споредба со април 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.5.

Во делот аутпут, во април 2016 година, во споредба со април 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 83.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98.1.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП