2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралните банки можат да го одведат златото кон 1.500 долари?

Централните банки можат да го одведат златото кон 1.500 долари?

zlato 3995

Златото поскапе за 19% од почетокот на годината, така што ја помина за момент психолошката граница од 1.300 долари за прв пат по 15 месеци наваму.

И иако благородниот метал се врати на нивоа на трговија од околу 1.265 долари за унца, неговата побарувачка расте значително. Купувачите во Индија се вратија кон пазарот на злато, а во исто време побарувачката во САД е највисока во последниве 30 години.

Не само индивидуалните инвеститори брзаат да купуваат злато. Тоа го прават и централните банки во светот. Според податоци на „World Gold Council“ централните банки купиле 45 тони злато во првите три месеци од годинава, што е зголемување од 28% во однос на истиот период од минатата година.

gold(4)333

Меѓу централните финансиски институции најмногу купувале банката на Русија (46 тони), Кина (35 тони) и Казахстан (7 тони).

Главната причина за тоа централните банки да купуваат злато е нивниот стремеж да се прошират доларските резерви против нестабилноста на американската валута. Историски гледано цената на златото е негативна во корелација со трговијата на долари, па обично поевтинувањето на доларот е поврзано со поскапувањето на нафтата.

Според експертите од „Сapital Economics“, силна побарувачката на злато во првите три месеци од страна на централните банки може да е индикација за понатамошните добри перформанси во побарувачката и во овој квартал. Се повеќе се зголемува бројот на пазарните учесници, па поради тоа се прогнозира понатамошен раст на цената на златото од 1.400 до 1.500 долари за унца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП