18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКил на Веспрем, ПСЖ против Кјелце

Кил на Веспрем, ПСЖ против Кјелце

arena 333

Во Виена, каде се наоѓа седиштето на Европската ракометна федерација, денеска беа извлечени полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лигата на шампионите, кој на 28-ми и 29-ти мај ќе се одржи во Келн.

Унгарскиот шампион Веспрем, кој во четврфиналето го елиминираше Вардар, за противник го доби Кил, кој на патот до завршинот турнир беше подобар од сé уште актуелниот европски првак Барселона.

Веспрем и Кил, во тековната сезона, натпреварите во Лигата на шампионите ги започнаа во А групата, во која унгарскиот тим заврши на втората, а германскиот на четвртата позиција.

Во групата екипите беа успешни на домашен терен, Веспрем како домаќин славеше 29:27, а во Кил загуби 24:25.

Втората полуфинална двојка ја формираа полски Кјелце, екипа која третпат, во последните четири години, ќе игра на завршниот турнир и најбогатиот европски клуб, ПСЖ, кој е единствениот дебитант на Фајнал Фоур турнирот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП