23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлд Трафорд ќе биде следната дестинација на Фалкао

Олд Трафорд ќе биде следната дестинација на Фалкао

Falcao__670780007

Голгетерот на Атлетико Мадрид Радамел Фалкао е пред трансфер во англискиот гигант Манчестер Јунајтед, соопштува „Марка“ на насловната страница од денешниот број.

Според весникот шефовите на „црвените ѓаволи“ се во напредни преговори со колегите од Мадрид и е многу веројатно 27-годишниот колумбиски репрезентативец да игра на „Олд Трафорд“ од следната сезона.

Засилен интерес за Фалкао пројавуваат и од Реал Мадрид, но „јораганџиите“ очигледно немаат никакви намери да ја продаде својата ѕвезда на градскиот ривал. Раководството на Атлетико се подготвени да се разделат со Фалкао за 55 милиони евра, а според извори на весникот англискиот гигант е подготвен да плати за овој трансфер.

Во договорот на Фалкао со Атлетико кој е до летото 2016-та година има откупна клаузула од 60 милиони евра, што значи дека тимот од Мадрид ќе направи отстапка за да се оствари договорот со Јунајтед.

Атлетико Мадрид го доведе Фалкао во текот на летото во 2011-та година за 40 милиони евра од Порто. Досега колумбиецот одигра 60 натпревари во Примера и постигна 46 гола во дресот на „јорганџиите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП