24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул тргнува по Капел

Ливерпул тргнува по Капел

capel_n-640x640x80

Англискиот гигант Ливерпул пројавува сериозен интерес за една од ѕвездите на Спортинг Лисабон, Диего Капел.

Според медиумите на Островот шефовите на „црвените“ се подготвени да понудат 10 милиони фунти за 25-годишниот шпански интернационалец кој има дури два натпревари во дресот на националниот тим на својата татковина.

Екипата на Спортинг го купија Капел пред две години од Севилја за 3.5 милиони евра, но многу е веројатно дека тие ќе се разделат со него во текот на летото поради финансиските проблеми кои ги имаат.

Интерес за овој играч од средниот ред има уште и од страна на францускиот гигант Олимпик Марсеј, кој ќе се обиде да примами Шпанецот со гарантирано место во стартниот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП