23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе со два бода се враќа од Словачка

Иџе со два бода се враќа од Словачка

ixe-mah

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стеванофски-Иџе, имаше половичен успех на втората трка во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ), која се одржа во Словачка.

Викендот во Словачка, исполнет со неколку пехови, Стефановски го заврши со два освоени бода. Во квалификациите, тој морал да го позајми воланот од тимскиот колега Фабио Мота, на првата трка имаше мал судар со Младен Лаушевиќ, но успеа трката да ја заврши на седмото место, додека втората трка не ја заврши поради сударот со Норберт Наѓ.

Викендот во Словечка, Македонецот кој вози за словенечкиот тим Леон Рејсинг го заврши со два освоени бода, па по две трки во ЕТЦЦ шампионатот тој има четири бодови.

Наредната трка, трета во ЕТЦЦ првенството ќе се вози на 28.мај во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП