28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Милионерите“ со 100.000 мотиви против Малага

„Милионерите“ со 100.000 мотиви против Малага

Spain Soccer Champions League

На фудбалерите на Борусија Дортмунд ќе им биде исплатено по 100.000 евра доколку изборат пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Оваа сума според медиумите во Германија ќе ја добие секој играч на Борусија без разлика дали ќе настапи во реваншот од четвртфиналето против Малага.

Како дополнителен мотив за фудбалерите на германскиот првак се и бонусите за стрелците, асистентите и поединечните резултати во текот на натпреварот.

„Полуфиналето од Лигата на шампионите би било фантастичен резултат. Мислам дека паричните награди се сосема прифатливи за евентуалниот успех“, изјвил претседателот на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

Првиот четвртфинален натпревар меѓу Малага и Борусија заврши без голови, а реваншот се игра вечер во Дортмунд.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП