28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрпските клубови должат милиони евра на државата

Српските клубови должат милиони евра на државата

DERBI_KUP_0004

Даночната полиција веќе со недели го контролира работењето на фудбалските клубови Црвена Звезда, Партизан, Војводина, ОФК Београд и останатите екипи во српската прва лига. Според законот за додадена вредност кој е воведен од 1-ви јануари 2005-та година, клубовите мораат да плаќаат ДДВ за трансферите на играчите во странство.

Од друга страна клубовите тврдат дека таква обврска немале досега, затоа што трансферите биле заведени како „увоз на роба и услуги“, а според законот за таквиот вид на промет не се плаќа ДДВ. Па ако не дојде до компромис меѓу државата и екипите Партизан ќе мора да плати 17 милиони евра ДДВ, Црвенза Звезда осум, а ОФК Београд седум милиони.

kosarka-superliga-srbije-partizan-crvena-zvezda-1328585176-79048

Доколку не дојде до договор сите спортски колективи во Србија ќе бидат во големи проблеми. Во најтешка ситуација е шампионот на оваа земја, Партизан. Даночната основа на клубот од Хумска е 95 милиони евра за кои мораат да платат 17 милиони евра во име на ДДВ. Звезда покрај големиот долг би додала плус осум милиони евра, а клубот од Карабурма би бил должен седум милиони.

Но нема да бидат поштедените ни другите спортови, па така во овој „кош“ се најдоа и кошаркарските клубови Партизан и ФМП кои се најголеми извозници на играчи, а под надзор се и одбојкарскиот клуб Црвена Звезда, ракометниот клуб Партизан, но и ватерполо клубот со исто име.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП