20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометен камп „Кирил Лазаров 7“: Се фокусираме на мак талентите

Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“: Се фокусираме на мак талентите

kire-lazarov-laco

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, денес го најави вториот камп „Кирил Лазаров 7“, кој очекува да го посетат околу 300 млади ракометари. Кирил Лазаров и оваа година го организара кампот во соработка со агенцијата „КМГ спорт“.

„Минатата година имавме место за 120 учесници, а завршивме со околу 150. Оваа година ја проширивме квотата. Драго ми е што можеме да се пофалиме дека оваа година кампот добива интернационален карактер. Веќе имаме пријавени деца и од Данска, Шведска, Хрватска и БиХ. Поставуваме нови граници како организатор. Ние ќе дадеме сé од себе за да бидеме подобри од минатата година”, истакна Горан Ѓоргоновски од агенцијата „КМГ спорт“.

За разлика од минатата година, оваа година кампот ќе се одржува во две смени, од 17. до 23. јуни и втората од 24. до 30. јуни, а како што потенцира Лазаров, годинава акцентот ќе биде ставен на младите македонски ракометари кои би можеле во иднина да го облечат националниот дрес.

„Што се однесува до кампот, оваа година ќе се фокусираме на македонските деца, иако е интернационален. Околу 70 отсто е предвидено е да бидат присутни деца од Македонија. Главен фокус годинава ќе дадеме на стручниот кадар, ќе имаме екстра тренери кои ќе работат, три до четири тренери од странство кои ќе имат предавање за нашите деца и нашите тренери, една додатна вредност која ќе ја промовираме ова лето. Интересот е голем, мене ми е драго, па така решивме да направивме две смени, за разлика од минатата година. Јас сум заштитно лице на спортскиот бренд ‘Хумел’, па така од годинава учесниците ќе добијат и опрема од врвен квалитет”, изјави Лазаров.

Ракометниот камп на Кирил Лазаров ќе се одржува во хотелот Аквалина во Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП