25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн плаќа казни поради навивачите

Баерн плаќа казни поради навивачите

20130408.kgtcrcfvov

Новиот шампион на Германија, Баерн Минхен треба да плати казна поради непристојното однесување на навивачите. Спортскиот суд на Германската фудбалска федерација одлучи клубот да плати парична казна од 15 илјади евра.

Казната е поради два инциденти со навивачи на „баварците“. Првиот е од натпреварот со Хофенхајм на 3-ти март, а вториот е против Леверкузен две недели подоцна. И во двата случаи во секторот за гости биле употребени димни бомби и бенгалски оган.

Од Баерн нема да поднесат жалба за казната. Не е исклучено наскоро да има и нова санкција, бидејќи и при победата со 1:0 над Ајнтрахт (Франкфурт), исто така беше користена димна бомба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП