28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПирло: Погба вреди повеќе од 100 млн евра

Пирло: Погба вреди повеќе од 100 млн евра

pirlo

Андреа Пирло кој игра во САД, во дресот на Њујорк Сити, смета дека неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Пол Погба, вреди повеќе од 100 милиони евра.

Погба во изминатитов период се споменува како трансфер цел на неколку врвни тимови (Реал, Барселона, Манчестер Сити, Челзи), но неговиот менаџер Мино Рајола, изјавил дека неговиот клиент размислува да го продолжи договорот со Јувентус.

„Секако дека Јувантус ќе направи сé за да го задржи. Но некогаш можете да добиете обесштетување со кое ќе можете да извршите реконструкција на целиот тим, а парите доаѓаат од фудбалер за кој не сте платиле ништо. Сепак, околу него можете да ја формирате иднината на тимот. Мислам дека доколку Погба реши да замине дека ќе го собори светскиот трансфер рекорд“, рекол Пирло.

Актелниот рекорд го држи Реал, односно Герет Бејл, чии трансфер од Тотенхем во Мадрид изнесувал 100 милиони евра.

„Имав можност да играм со неколкумина млади фудбалери, но Погба е најдобриот млад играч со кој сум играл. Тоа беше забележливо уште од првиот тренинг кој го одработи во Јувентус. Сепак, постоеше сомнеж кај повозрасните играчи, бидејќи Манчестер Јунајтед му дозволи да си оди. Во меѓувреме тој созреа, пред сé, физички, но и како играч. Според мене, тој е најдобриот централен играч од средниот ред во светот“, дополнил Пирло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП