25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочина Јохан Кројф

Почина Јохан Кројф

_88931238_cruyff_recent_ap

Легендата на холандскиот, европскиот и светскиот фудбал, Јохан Кројф, почина на 69-годишна возраст, во Барселона, од рак на белите дробови.

„Со голема тага соопштуваме дека Јохан Кројф опркужен од семејството, по жестоката борба со тешката болест, почина во Барселона. Ве молиме да ја почитувате приватноста на неговото семејство за време на овие те[ки и тажни моменти“, гласи соопштението кое е објавено на интернет страницата на Јохан Кројф.

Кројф беше виситнска фудбалска икона на сите времиња, прво име кое се поврзува со тоталниот фудбал на Ринус Михелс. Тој е легенда на Ајакс, Барселона и Холандија.

Многумина го сметаат Кројф за еден од најдобрите фудбалери во историјата и основоположник на филозофијата на истот така легендарниот тренер Михелс, наречена „тотален фудбал“.

Холанѓанецот беше стравствен пушач, а престанал да пуши во 1991 година, кога како тренер на Барселона преживеал инфаркт и две операции на срцето.

Кројф кариерата ја започнал во Ајакс (1964-1973), потоа пет години играл во Барселона (1973-1978), а во кариерата настапувал и за Лос Анџелес, Вашингтон, Леванте и Феенорд. Во кариерата одигра 540 клупски натпревари и постигнал 290 голови.

За холандската репрезентација одиграл 48 натпревари, постигнал 33 голови, а со „лалињата“ играл во финалето на Светското првенство во 1974 година.

Како тренер ја предводеше Барселона до првата титула европски првак (1992) во клупската историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП