29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛандин го однесе Кил во четвртфиналето во ЛШ

Ландин го однесе Кил во четвртфиналето во ЛШ

ландинос

Кил, обезбеди пласман во четвртфиналето, во ракометната Лига на шампиони и им се приклучија на Барселона и ПСЖ, кои директни се пласираа меѓу најдобрите осум во Европа.

Кил, во реванш осминафиналниот меч славеше над ПИК Сегед 36:29, со што ја надополни негативата која ја имаше по мечот во Унгарија 29:33.

Германскиот тим во четвртфиналето го однесе данскиот голман Никлас Ландин, кој бранеше брилијантно, особено во последните десет минути. Ландин во финишот одбрани три седмерци и два зицери со што ги спречи Унгарците да фатат приклучок.

Данскиот голман мечот го заврши со 16 интервенции (одбрани четири седмерци). Кил до победата го предводеа Вујин со девет, Екберг со седум и Дисебгер со шест голови. Кај ПИК Сегед по седум голови постигнаа Калман и Бомбач.

Останатите улесници во четвртфиналето ќе бидат познати викендов: македонскиот шампион Вардар во Скопје ќе ја пречека Висла, првиот меч заврши 30:30, овој меч ќе се игра в сабота од 18 часот.

Во сабота на програмата се и дуелите Кјелце-Мешков Брест (32:28) и Веспрем-Мотор Запорожје (29:24).

Дуелите Фленсбург-Монпелје (28:27) и Рајн Некар-Загреб (24:23) ќе се играат в недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП