„Airbus“ ја продава германската единица за воена електроника на компанијата за акционерски капитал „KKR“, 18 месеци, откако ја извади компанијата на пазарот. Зделката го проценува делот на 1,1 милијарди евра, вклучително и долговите.
Европската авијациска група ќе задржи 25-процентен удел во компанијата за максимум 3 години, што можеби ќе ја смири во извесна смисла германската влада.
Берлин внимателно ги следи преговорите за продажба на германското друштво на авио-гигантот, според запознаени извори. Продажбата на бизнисот за производство на сензори и апликации за одбрана е чувствително прашање во Германија, бидејќи германското Министерство за одбрана е најголемиот клиент на компанијата.
Владата на најголемата европска економија е загрижена и за работните места.
Загриженост покажува Јоханес Хут, шеф на „KKR“ за Европа, Блискиот Исток и Африка, кој коментира дека фирмата ќе ја поддржи компанијата со богато искуство во градење на успешни индустриски компании во Германија, како „MTU Aero Engines“, „Demag Cranes“ и „Kion“.
Продажбата е клучен момент од имплементацијата на планот на „Airbus“ за реструктуирање на бизнисот со одбраната и безбедноста. Во моментов Концернот преговара за продажба на својот удел од 49 отсто во германскиот бизнис со подморници, кој го поседува заедно со „ThyssenKrupp“.