
Секоја година Светскиот економски форум (СЕФ) го објавува својот Извештај за глобалната конкурентност на економиите во светот, објави Business Insider.
СЕФ податоците ги собира од различни области, како што е стабилноста на банките при софистицираноста на бизнисите во секоја земја.
Еден од показателите кои Светскиот економски форум го користи е даночното оптоварување на една земја, оние земји со повисок рејтинг индицираат помала конкурентност.
Просечната даночна стапка е збир од данокот на добивка, социјалните придонеси, даноците на труд кои ги плаќаат фирмите, данокот на имот и други такси и даноци.
Македонија во ова рангирање се најде на првото место, како земја со најниски даноци за бизнис, погледнете ја целата листа…
28. Бугарија: 27%

28. Тајланд: 26,9%

27. Данска: 26%

26. Ирска: 25,9%

25. Лаос: 25.8%

24. Боцвана: 25,3%

23. Маврициус: 24,5%

22. Монголија: 24,4%

21. Босна и Херцеговина: 23,3%

20. Кипар: 23,2%

19. Оман: 23%

18. Хонгхонг: 22,8%

17. Црна Гора: 22,3%

15. Канада: 21%

15. Камбоџа: 21%

14. Намибија: 20,7%

13. Ерменија: 20,4%

12. Луксембург: 20,2%

11. Хрватска: 18,8%

10. Сингапур: 18,4%

9. Грузија: 16,4%

7. Обединети Арапски Емирати: 14,8%

7. Замбиjа: 14,8

6. Саудиска Арабија: 14,5%

5. Лесото: 13,6%

4. Бахреин: 13,5%

3. Кувајт: 12,8%

2. Катар: 11,3%

1. Македонија: 7,4%

Како единствена земја со даночна стапка за бизнис помала од 10% Македонија има најниска стапка на данок во светот. Сепак, ММФ во 2015 година објави дека јавниот долг на Македoнија од 2008 година е двојно зголемен поради водењето на политикатa на ниски даноци.



