ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА се сомнева дека бил наместен мечот Спартак-ОФК Београд

УЕФА се сомнева дека бил наместен мечот Спартак-ОФК Београд

savez-srbije

Европската фудбалска унија (УЕФА) го известила Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) дека постои сомнеж, дека мечот од 26.коло во српската Суперлига, помеѓу Спартак од Суботица и ОФК Београд бил наместен.

Споменатиот дуел се одиграл минатата недела, а завршил со победа на домашниот Спартак 2:1 (1:1).

„Од УЕФА добивме известување дека се сомневаат дека мечот Спартак-ОФК Београд е наместен. Ние, во соработка и со помош на надлежните органи, ќе покренеме истрага, со цел да бидат собрани докази, а сѐ со цел да го заштитиме интегритетот и регуларниста на натпреварувањето“, изјавил за официјалната интернет страница на ФСС, комесарот за натпреварување Миливоје Мирков.

Инаку, Спартак во првиот дел од сезоната, по натпреварот помеѓу истите екипи од ФСС е казнет со одземање на два бода, бидејќи тренерот на тимот од Суботица, настапил со резервниот тим, со образложение дека најдобрите играчи ги одмора за натпреварот со Црвена ѕвезда.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП