Скопски пазар АД – Скопје за периодот Јануари – Декември 2015 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Сметководствени политики и методи на вреднување
Во 2015 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Скопски пазар АД – Скопје.
Вкупни приходи
Остварените вкупни приходи во периодот Јануари – Декември 2015 година изнесуваат 1.028.774 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година бележат промена од (28)%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 90%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2014 година бележат промена од (27)%.
Скопски пазар АД – Скопје во цела календарска 2015 година има остварено позитивен финансиски резултат остварувајки нето добивка од +35 милиони денари.
Вкупни расходи
Остварените вкупни расходи во периодот Јануари – Декември 2015 година изнесуваат 933.175 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2014 година бележат пад од 29%, благодарение на економичното и домакинско работење и со засилена контрола на трошоците.
Дивиденда
На 20 април 2015 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2014 година во износ од 10.368 илјади денари. Данокот на пресметана дивиденда изнесува 1.084 илјади денари.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Декември 2015 година изнесуваат 34.6 милиони денари.
Обврски по кредити
Вкупните обврски по кредити (краткорочни + долгорочни) на 31.12.2015 година изнесуваат 614.991 илјади денари и во споредба со состојбата на 31.12.2014 година бележат намалување од 6%. Вкупните обврски се намалени за значајни 108,7 милиони денари.
Нагласена позиција од билансот на успех
Остварените резултати од работењето за периодот Јануари – Декември 2015 година, структурата, динамиката и споредбите со остварувањата во претходната година е прикажана во следната табела:
Перформансите на Друштвото даваат верба во подобра иднина, особено финансиската сигурност има подобрување од +5%, степенот на самофинансирање е подобрен за +5% и степенот на кредитна способност за +2%, а благодарение на имплементираниот концепт „профитни деловни единици“ засилен е притисокот за остварување на оптимален промет со воспоставени превентивно / детективни мерки за контрола на расходите по сите основи.
Воедно оперативниот профит на Друштвото е одржан на стабилно ниво од 3.97%, на односот бруто добивка / оперативен приход кој се должи на севкупното поодговорно управување со деловните единици и силна контрола на расходите.
Во новата календарска 2016 година, не се очекуваат поголеми промени од периодот на кумулативно реализираните резултати. Имајки го во предвид севкупното деловно опкружување, нелојалната конкуренција на пазарот и економската состојба, Друштвото засилено ќе се залага да го подобри работењето со соодветно и навремено справување со ризиците кои ги носи делокругот на работењето, се со цел исполнување на проектираните активности за новата деловна година.