20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ на шопинг во Порто

„Ѓаволите“ на шопинг во Порто

FCPorto-2012-2013

Манчестер Јунајтед во следниот преоден рок ќе се обиде во своите редови да ги доведе Алекс Сандро, Елиаквим Мангала и Џејмс Родригез од Порто.

Алекс Фергусон знае дека мора дополнително да ја засили екипата за да може и следната сезона да ја освои Премиер лигата. Голема конкуренција секако ќе има во Манчестер Сити, кој планира големо реновирање на тимот по завршувањето на првенството.

Секако најголемата желба на Фергусон е Џејмс Родригез кој игра во средниот ред. Тој поради игрите во Порто стана еден од најценетите млади играчи во Европа. Родригез во екипата би требало да биде замена за Нани кој најверојатно ќе си замине.

Мангала има само 22 години и игра на позицијата централен дефанзивец. Видиќ и Фердинанд се на залезот од нивните кариери и иако можат да одиграат уште некоја сезона во Јунајтед, јасна е намерата на Фергусон навреме да најде замена за своите двајца најдобри дефанзивци.

Сандро игра на позицијата на лев бек и во клубот би пристигнал како алтернатива за Патрис Евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП