ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Росица Лазеска во НЛБ Тутунска банка

Изложба на Росица Лазеска во НЛБ Тутунска банка

lazeska rosica

Денеска во 20 часот, свечено ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Росица Лазеска, во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје.

Росица Лазеска е академски уметник и дипломиран архитект од Скопје, инаку член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1992 година. До сега одржала 10 самостојни и повеќе од 25 групни изложби.

Со оваа изложба во НЛБ Тутунска банка, Лазеска се претставува преку своите дела, како автор со инвентивна ликовна имагинација и изразита креативна енергија. Се работи за динамичен сликар – графичар кој преку експресивната композиција ги спротивставува преплетите од линии, кои за момент се дисхармонични, а конечниот резултат е складно единство и хармонија. Својствено за Лазеска е што нејзините цртежи имаат еден жив ритам кој ни го доловува нејзиниот метафоричен јазик.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП