ПочетнаКОМПАНИИКокта „пијалакот на нашата младост“ слави 63 години

Кокта „пијалакот на нашата младост“ слави 63 години

kokta

Освежителниот безалкохолен пијалак Кокта, своевремен одговор на комунистичка Југославија на империјалистичката американска Кока-Кола, кој се рекламираше и како „пијалак на нашата младост“, во вторникот одбележа 63 години од појавувањето на пазарот.

Пијалакот кој прво се викал „Југококта“ првпат е претставен на 8-ми март 1953 година на натпреварувањето во скијачки скокови на словенечката скокалница Планица. На посетителите на спортскиот настан им бил претставен пијалакот со киселкаст вкус со екстракт од шипинки и различни билки, и со додаток од витамин Ц и карамелизиран шеќер.

Творец на „Југококта“-та бил технологот од љубљанското претпријатие „Словенијавино“. Името Кокта го избрал поради звучната асоцијација на американската Кока-Кола и на „коктел“, сугерирајќи дека станува збор за коктел од различни вкусови.

Првата етикета за Кокта-та, со насмеано девојченце, е дело на дизајнерот и академски сликар Урош Вагај.

По големиот успех, падот на продажбата се случува во 1980-те поради достапноста на оригиналната Кока-Кола и низата слични производи на тогашниот југословенски пазар.

Сопственоста на брендот и лиценцата за полнење подоцна го презема фирмата „Колинска“, а подоцна и хрватската „Атлантик група“ која ја презема „Колинска“ и добар дел од словенечката прехранбена индустрија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП