20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлегри потврди дека ќе остане во Јувентус

Алегри потврди дека ќе остане во Јувентус

19 October 2008: Allegri head coach of Cagliari in action during the Italian Serie A 7th round match played between Torino and Cagliari at Olympic Stadium in Torino. © Valerio Pennicino / GRAZIANERI

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, потврди дека и наредната сезона ќе ја предводи „Старата дама“ и покрај интересот шти за неговите услуги го покажуваат неколку големи европски тимови.

Реал Мадрид и Челзи, според медиумите, покажувале сериозен интерес за Алегри, но сепак екс тренерот на Милан нема намера да ја менува средината.

„Наредната сезона ќе бидам тренер на Јувентус, бидејќи имам да одработам уште една година од договорот. Не сум имал контакт со други тимови. Се ближиме кон крајот на сезоната, во позиција сме да ја освоиме двојната круна, а ќе видиме што ќе се случи во Лигата на шампионите“, рекол Алегри.

Алегри на клупата на Јувентус седна во 2014 година и веднаш ја освои двојната круна и стигна до финалето во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП