19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ го одржа редовното Собрание

ФФМ го одржа редовното Собрание

ilco

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во хотелот „Александар Палас“, во Скопје, во саботата, го одржа редовното годишно Собрание.

Собранието на ФФМ го отври првиот човек на организацијата Илчо Ѓорѓиоски, кој во својот говор потенцираше дека вратите на ФФМ секогаш ќе бидат отворени за сите кои имаат желба да работат за доброто на македонскиот фудбал.

„Јас сум претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Моја должност е да дадам одговор на сите прашања пред вас. Во изминатиот период се појави група т.н. Иницијативен одбор предводен од џелатот на некогаш еден од најомилените клубови во Македонија, ФК Цемантарница.Во низата соопштенија имаа и наслов „Прашања кои нема да бидат поставени на претстојното собрание на ФФМ“.

Драги пријатели, јас инсистирам да дадам одговор. Не затоа што заслужува лажниот предводник на таа група, туку затоа што искрените љубители на фудбалот не смеат да се лажат.

Во однос на регуларноста на вонредното изборно собрание и моето назначување за претседател на ФФМ во 2012 година – бев кандидиран преку матичниот фудбалски сојуз. Исправноста на целокупната документација и постапката за поднесување на кандидатурите за функцијата претседател на ФФМ ја потврди надлежно тело избрано од тогашното раководство.  Вонредното изборно собрание беше организирано од страна на тогашното раководство на ФФМ. На тоа собрание беа присутни и претставници на УЕФА и ФИФА. До ден денеска никој истото не го оспори“, рече меѓудругото во својот говор Ѓорѓиоски.

ФФМ на редовно Генерално собрание донесе одлука за измени на системот на натпреварување во националниот шампионат кои ќе стапат на сила од сезоната 2017/18.

Првата лига, од сезона 2017/18 ќе биде со 10 екипи, како и актуелниот натпреварувачки систем, со таа разлика што сега ќе има четири циклуси и 36 првенствени натпревари за секоја екипа.

Втората лига од сезоната 2017/18 ќе биде поделена во два региони (ИСТОК и ЗАПАД) со по 10 екипи и три циклуси (по 27 натпревари). Третата лига од сезоната 2017/18, место досегашните пет, ќе биде со шест региони (Север, Запад, Југозапад, Исток, Централен, Југ).

Промените во системите за натпревари кај сениорите, ќе донесе и промени во системите кај младите категории. Прва супер лига ќе има во четири категории со по 10 екипи. Втора младинска лига во четири категории со по 10 екипи, и Трета младинска лига во седум категории.

Усвоен е едногласно стратешкиот план за периодот од 2016 до 2026 година, а исто така за нов член на УО на ФФМ е избран Џевад Дибрани од Струга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП