18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте ги прецртал Пирло, Де Роси и Балотели

Конте ги прецртал Пирло, Де Роси и Балотели

конте-по

Антонио Конте, решил сериозно да ја подмлади репрезентацијата и да се откаже од услугите на три големи фудбалски имиња, пренесуваат италијанските медиуми. Според истите извори, место во италијанската ререзентација, која ќе настапи на Европското првенство, нема да има за Андреа Пирло, Даниеле Де Роси и Марио Балотели.

Пирло и Де Роси кои се дел од селекцијата која во 2006 година го освои светското првенство, немаат сериозни натпревари, односно Пирло во САД не игра доволно сериозен фудбал, додека Де Роси оваа сезона има големи проблеми со повредите.

Од друга страна, Балотели, кај кого секогаш во прашање е неговото однесување, во Милан не успеа да се избори за стандардно место во тимот.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, плановите на Конте биле играта да ја гради околу Марко Верати и Клаудио Маркизио, додека во нападот планира да им даде шанса на Лоренцо Инсиње и Федерико Бернандески.

Италија на ЕУРО 2016, ќе се натпреварува во Ц групата заедно со Белгија, Шведска и Република Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП