18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи паднаа, цените на нафтата растат

Азиските берзи паднаа, цените на нафтата растат

aziski-berziiiii

На азиските берзи во понеделникот со цените на акциите паднаа, бидејќи вложувачите ги вознемири остриот пад на кинеските берзански индекси и бидејќи повторно заживеаја шпекулациите за продолжување на зголемувањето на каматите на американската централна банка.

На Токиската берза индексот Nikkei во понеделникот претпладнето беше во минус од 1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Сингапур, Хонгконг и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 4 отсто. Во Австрија благо пораснаа, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките берзи во понеделникот претпладнето беше во загуба од 0,6 отсто, па во февруари би можел да забележи загуба втор месец по ред, околу 1,2 отсто.

Најмногу во понеделникот утрото, околу 4 отсто, потонаа цените на акциите во Шангај, бидејќи инвеститорите се повлекуваат од пазарот поради сигналите дека фондовите ги пренасочуваат своите средства од акции во недвижнини. Покај тоа, вложувачите се разочарани од деловните резултати на низа технолошки компании, чиишто цени силно пораснаа во последниот период, бидејќи се очекуваше и силен раст на нивните добивки.

„Парите се повлекуваат од пазарот на акциите, бидејќи вложувачите не гледаат премногу причини за натамошен раст на цените. Растот на добивката на технолошките компании е слаб и не ги поддржува нивните високи цени. Ми се чини дека цените на многу акции и натаму се пренапумпани, не вредат толку“, вели Самјуел Чиен, партнер во фондот „BoomTrend Investment Management“.

Вложувачите не ги импресионираше ниту исходот од состанокот на министрите финансии и централните банки на групата Г20 на најголемите светски економии во Шангај. Челниците на Г20 се согласија дека би требало да се користат сите можности на политиката – монетарните, фискалните и структурните – индивидуално и колективно, за да се постигнат економските цели на групата, наведувајќи низа ризици за растот на глобалната економија.

И додека дел од аналитичарите сметаат дека таа порака би можела да ги поддржи пазарот, други сметаат дека е недостигот од конкретните потези, особено во вид на фискални поттикнување, разочарувачки.

Поради тоа инвеститорите во понеделникот претпладнето не ги охрабри ниту натамошниот раст на цените на нафтатае. Откако минатата седмица скокна за повеќе од 6 отсто, претпладнето цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за натамошни 1,1 отсто, на 35,49 долари.

Вложувачите се претпазливи и поради заживеаните шпекулации за зголемување на каматите во САД, откако во петокот беа објавени извештаите кои покажуваат дека во јануари силно пораснала потрошувачката, додека инфлацијата забележала најголем раст во последните четири години. Американската централна банка Federal Reserve (Fed) во декември првпат од 2006 година ги зголеми каматите и најави натамошно зголемување на цените на парите. Но последните седмици на пазарот преовладуваше тезата дека Fed поради забавувањето на растот на економијата и ниската инфлација ќе се откаже од тие планови. Сега, меѓутоа, повторно се јавија тезите за зголемување на каматите до крајот на годинава.

„Се чини дека ситуацијата во американската економија и не е толку лоша. Оттаму, дел од аналитичарите сметаат дека на дневниот ред на Fed наскоро повторно може да се најде зголемувањето на каматите“, вели Барт Вакабајаши, директор за валутно тргување во компанијата „State Street“.

А на валутните пазари јапонската валута во понеделникот претпладнето зајакна, бидејќи вложувачите поради нестабилноста на цените на акциите бараат посигурни засолништа за својот капитал.

Курсот на доларот се лизна на 112,85 јени, додека во петокот на затворањето на пазарите изнесуваше 114 јени. Нешто поблаго американската влада ослаби и кон европската. Цената на еврото порасна од 1,0935 долари, колку што изнесуваше во петокот, на 1,0945 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП