ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбиновски нов тренер на КК Куманово

Србиновски нов тренер на КК Куманово

srbinovski-marjan

Марјан Србиновски во четвртокот е назначен за нов тренер на кошаркарите на Куманово. Србиновски на клупата го наследи Страшо Тодоровиќ.

Челниците на Куманово решија да ја прекинат соработката со Тодоровиќ поради разочарувачкиот настап на завршниот турнир во Купот на Македонија, каде Куманово имаше големи амбиции.

По победата над Работнички во четвртфиналето, Куманово го загуби полуфиналето од Карпош Соколи, што директни влијаеше за отказот што го доби Тодоровиќ.

Србиновски е поранешен тренер на Торус, Кожув и Работнички, а неполни четири месеци беше селектор на кошаркарската репрезентација, со која настапи на Европското првенство.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП