Онлајн преведувачот „Google Translate“ веќе може да работи со 103 јазици, соопшти интернет гигантот. Последната обнова на услугата додаде уште 13 јазици и подобрени алгоритми кои треба да ги направат преводите попрецизни.
„Google Translate“ веќе „покрива“ 99% од онлајн населението во светот. Само благодарение на 13-те нови јазици уште 120 милиони лица можат да ја користат услугата, за да добиваат преводи на своите јазици.
Процесот на додавање на нови јазици е доста сложен. Прво поминува период на анализа и селекција на јазикот. Тој мора да има писмена форма и во мрежата мора да има одредено количество преводи. Потоа се додаваат и содржини од „Google Translate Community“ и алгоритамот започнува да се обучува на новиот јазик.
За остваривање на целта е важно достапните преводи да се добри, бидејќи токму преку нив софтверот го дознава типичниот зборовен ред на дадениот јазик. „Google“ се потпира и на луѓе, за кои дадениот јазик е мајчин, а тие воведуваат популарни фрази, изреки и прават промени во преводите.
Ова се реализира преку „Google Translate Community“ каде над 3 милиони доброволци ги додаваат и уредуваат преводите на услугата. Досега се извршени над 200 милиони корекции кои му овозможуваат и на интелигентниот софтвер да е уште попрецизен.