ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Симеоне договорил трансфер во Челзи

Диего Симеоне договорил трансфер во Челзи

diego-simeone

Аргентинскиот фудбалски стручњак Диего Симеоне договорил да седне на клупата на Челзи по завршувањето на сезоната, објавија шпанските медиуми.

Тренерот на Атлетико Мадрид на Стенфорд Бриџ би требало да заработува околу 12 милиони евра по сезона, а се шпекулира дека договорил соработка на четири години.

Симеоне на клупата на Челзи ќе го наследи Холанѓанецот Гус Хидик, кој беше привремено решение откако Жозе Мурињо во декември минатата година доби отказ.

Симеоне Атлетико го презеде во декември 2011 година и со овој тим освои пет трофеи – првенството(2014), Европската лига(2012), европскиот Суперкуп(2012). Шпанскиот Куп(2013) и шпанскиот Суперкуп(2014).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП