20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООл Стар: Ѕвездите во подем го победија Светот

Ол Стар: Ѕвездите во подем го победија Светот

jokic 888

Изминатата ноќ во Торонто започна Ол Стар викендот во НБА лигата. Програмата ја отвори натпреварот помеѓу американските „Ѕвезди во подем“ и тимот на „Светот“, составен од неамерикански кошаркари кои настапуваат во НБА лигата.

„Ѕвездите во подем“ славеа против „Светот“ со 157:154, а МВП признанието, за најкорисен играч, го понесе кошаркарот на Минесота Зек Левин, кој го предводеше победникот со 30 поени, седум скокови и четири асистенции.

Покрај Левин кај победникот се истакнаа Џордан Кларксон со 25 поени, пет скокови и пет асистенции, Девин Букер со 23 и Расел со 22 поени и седум асистенции.

Најдобри во тимот на беа Летонецот Кристапс Порзигинс со 30 поени, односно Конгоанецот Емануал Мудиај (30 поени, 10 асистенции) и Канаѓанецот Ендру Вигинс со 29 поени.

Од играчите кои потекнуваат од Балканот, за „Светот“ настапија Србинот Никола Јокиќ (12 поени, осум скокови, четири асистенции), и Хрватите Марио Хезоња (19 поени, 10 скокови, седум асистенции) и Бојан Богдановиќ (шест поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП