24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропската комисија ги тресе фудбалските гиганти

Европската комисија ги тресе фудбалските гиганти

Shadow of reporters are seen on Real Madrid's logo during a news conference with Real Madrid new coach Ramos in Madrid

Европската комисија започна истрага за нелегално финансирање на фудбалските клубови, а на листата се најдоа многу гиганти од овој спорт, меѓу кои најсомнителни се финансиите во Реал Мадрид.

Според медиумите, „кралскиот клуб“ во последните години често добивал илегална парична помош од државата, но интересен е начинот на кој со градот Мадрид е договорено преземањето на луксузно земјиште околу стадионот „Сантијаго Бернабе“ за изградба на трговски центар со хотел и други придружни содржини. Реал и градот Мадрид имаат договор уште од 1996 година, а градското Собрание на клубот му отстапил луксузно земјиште по цена од 421 илјади евра, иако неговата реална вредност се проценува на 22,7 милиони евра и по таа цена клубот повторно му го продал земјиштето на градот.

Ваквите информации за истрагата на Европската комисија ги потврди и портпаролот на оваа институција, Антони Коломбани.

„Европската комисија навистина ги истражува спорните ситуации во врска со Реал Мадрид, како и други слични примери за кои е предупредена. Истрагата е се уште во тек, а резултатите од неа ќе ги објавиме по нејзиното завршувње“ истакнува Коломбани.

УЕФА најстрого забранува каква било помош од државата на фудбалските клубови, па во тој случај и Реал би можел да се соочи со сериозен конфликт со европската куќа на фудбалот.

Инаку, освен Реал, под истрага се уште неколку врвни европски клубови како: Челзи, Манчестер Сити, ПСЖ и ПСВ Ајндховен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП