ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото скокна на највисоко ниво

Цената на златото скокна на највисоко ниво

zlato pracki

Цената на златото е на највисоко ниво во последната година, бидејќи заради превирањата на светските финансиски берзи и остриот пад на цените на акциите, инвеститорите бараат засолниште за капиталот во инвестициите што се сметаат за сигурни во несигурни времиња.

Во четвртокот унца злато достигна спот цена од 1.262 долара по унца, зајакнувајќи пет отсто во еден ден. Утрово благо попушти, па се движи околу 1.240 долари.

Спот цената на златото од почетокот на годината е во добивка од речиси 18 отсто, по три години загуби.

Инвеститорите ги мачи стравот од финансиска нестабилност и пад на цените на акциите на банките од обете страни на Атлантикот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП