29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСандерленд го отпушти Адам Џонсон

Сандерленд го отпушти Адам Џонсон

адам-ммм

Премиерлигашот Сандерленд го отпушти Адам Џонсон, откако тој во вторникот пред надлежниот суд признал дека имал однос со малолетничка. Инаку, Џонсон, ги отфрлил обвинувањата дека имал сексуален однос со 15-годишната девојка, но признал дека ја бакнал.

Сандерленд, најпрвин го изостави од тимот Џонсон за натпреварот со Манчестер Јунајтед, кој ќе се одигра во сабота, но неколку часови подцна реши да му врачи отказ.

Покрај Сандерленд, договорот со фудбалерот го раскина и спонзорот Адидас.

Адам Џонсон, беше уапсен во март 2015 година, клубот веднаш го суспендираше, но казната ја повлече по разговорите со неговите преставници и Унијата на професионални фудбалери.

Во својот последен меч за Сандерленд, Џонсон минатата сабота постигна гол, а неговиот тим освои бод против Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП