ПочетнаКОМПАНИИМigros ја зголеми продажбата по пат на интернет

Мigros ја зголеми продажбата по пат на интернет

resize

Приходите на швајцарскиот трговски ланец „Migros“ се зголемени во првото тромесечије од оваа година за 7.3 проценти и достигнале вредност од 41.3 милиони франци. Од компанијата сметаат дека ваквиот раст се должи пред се на продажбата преку интернет.

Групацијата навела дека учеството со нарачки преку паметните телефони и таблети двојно се зголемило, па така тоа во моментов изнесува 27 проценти од вкупната продажба.

Интернет страната на „Migros“ за нарачки по пат на интернет е се повеќе посетувана, па така во првиот квартал од тековната година бројот на клиенти кои ги реализирале своите електронски купувања е зголемен за 35 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП