19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити шест недели без Де Брујне

Сити шест недели без Де Брујне

_87964833_gtykdb

Играчот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, поради повреда на десното колено ќе отсуствува од фудбалските терени во наредните шест недели. Де Брујне се повреди во последната минута од полуфиналниот меч во Лига купот против Евертон, кој се одигра во средата.

Инаку, репрезентативецот на Белгија, против Евертон во игра влезе во 66.минута и беше најзаслужниот за победата на Сити. Тој најпрвин погоди за 2:1, а потоа му асистираше на Агуеро за 3:1.

Сити во финалето на Лига купот ќе игра против Ливерпул на 28.февруари. Покрај овој натпревар тој ќе ги пропушти дуелите со Астон Вила во ФА купот, потоа со Сандерленд, Лестер и Тотенхем во првенството и со Динамо Киев во осминафиналето во ЛШ.

Де Брујне во Сити пристигна од Волфсбург за сума од 55 милиони фунти, а во досегашниот дел од сезоната одиграл 31 натпревар и постигнал 12 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП