24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар доби големо признание од ЕХФ

Червар доби големо признание од ЕХФ

cervar-priznanie

Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Хрватска Лино Червар (65) доби големо признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ) примајќи ја во Краков наградата за најголеми тренерски достигнувања во кариерата.

Червар е прв кој го добива ова признание, а наградата му ја врачи претседателот на ЕХФ, Жан Брио.

„Јас не сум професор по ракомет, туку ракометен тренер со визија и идеи. Моите резултати се производ на константно учење и анализи. Ова е прекрасно признание за мојата кариера која е долга 40 години“, рекол Червар на свеченоста во Краков.

Червар е еден од најтрофејните тренери во историјата на овој спорт, под негово водство Хрватска го освои светското злато во Португалија (2003), олимпиското во Атина(2004), две светски сребра (2005, 2009) и две европски сребра (2008, 2010).

Како клупски тренер, Червар со Загреб освоил осум титули и седум купови во Хрватска, односно четири титули и четири купа со Металург во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП