ПочетнаИНТЕРЕСНОРебенсбург победи на велеслаломот во Фалхау

Ребенсбург победи на велеслаломот во Фалхау

viktorija

Германката Викторија Ребенсбург победи на велеслаломската трка, која во неделата, се возеше во авастрискиот Фалхау.

Ребенсбург до првата победа по пауза од три години дојде со вкупно време од 2:29.51 минута. Германката, зад себе ја остави Словенката Ана Древ, која задоцни 94 стотинки и која беше најбрза по првата трка, додека 99 стотинки на третата позиција задоцни Италијанката Федерика Брињоне.

Велеслаломот во Фалхау кој се возеше по исклучително тешки временски услови не заврши добро за водечките две во Светскиот куп. Швајцарката Лара Гут, која беше втора по првата трка, во втората направи голема грешка и на крајот го освои 19-то место, додека Американката Линдзи Вон, не ја заврши втората трка.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП