ПочетнаЕКОНОМИЈАВо петок ќе се објават прашањата за екстерното тестирање

Во петок ќе се објават прашањата за екстерното тестирање

eksterno

Државниот испитен центар информира дека на 25-ти декември, во петок, ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање за учениците од завршните години на средното образование.

Објавениот базен список со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања, од кои дури една четвртина се нови прашања.

Во следните две недели, поточно до 8.01.2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно корегирани.

„Со цел прочистување на базата и зголемување на квалитетот на прашањата ги повикувам сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата и заеднички да ги подобриме“, се вели во соопштението од ДИЦ.

Веб страницата на која може да се видат прашањата и да се остави коментар е www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП