24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПИК Сегед го официјализира трансферот на Горбок

ПИК Сегед го официјализира трансферот на Горбок

sergei-gorbok-vardar-seha-liga

Рускиот ракометен репрезентативец, играч на Вардар, Сергеј Горбок, од наредната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед. Горбок потпишал двегодишен договор, а трансферот го потврди унгарскиот тим.

Левиот бек, кој оваа сезона е еден од најдобрите играчи на ’црвено црните’, реши предвреме да си замине од редовите на Вардар. Неговиот договор истекуваше наредното лето, но договори спогодбен раскин на договорот и по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Унгарија.

Сергеј Горбок минатата сезона пристигна во Вардар од редовите на Рајн Некар Левен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП