ПочетнаЕКОНОМИЈАПривремен сообраќаен режим на дел од улицата Трета македонска бригада

Привремен сообраќаен режим на дел од улицата Трета македонска бригада

treta 33

Привремен сообраќаен режим од 8 до 20 часот ќе биде воспоставен во недела на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев.

Како што е соопштено од Град Скопје, на овој дел од улицата ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП