29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со д-р Роман Гласер, генерален директор на Перутнина Птуј - Словенија

Интервју со д-р Роман Гласер, генерален директор на Перутнина Птуј – Словенија

roman

Денар: Колку сте задоволни од присуството на македонскиот пазар и дали има потенцијал за натамошен раст и зголемување на пазарниот удел?

Вие знаете дека ние на македонскиот пазар сме присутни 60 и повеќе години, во меѓувреме се промени нашиот начин на работа на македонскиот пазар. Ние сега неколку години имаме своја продажна фирма во Скопје. Морам да кажам дека на тој начин сум задоволен. Ние секоја година растеме. Пораснавме последниве неколку години и сигурен сум дека се уште има место на пазарот. Вие имате забележано дека во последниве три, четири години почнавме да носиме свежо пилешко месо. Повеќе нема само смрзнато, туку и свежо и тоа е некој нов тренд за кој сум сигурен дека ќе го снабдуваме пазарот и ќе го освоиме и дека потрошувачите тоа ќе го препознаат како бонус за себе, а на другата страна и трговците ќе го препознаат како бонус за себе. Сепак, тоа е вид на месо кој е полесен и подобар за подготовка, а и органолептиката е подобра отколку кај смрзнатото месо. Од тој сегмент сум задоволен, но секако дека има простор за раст и во идните години и ќе направиме се во смисла да растеме.

 

Денар: Имате капацитети во повеќе држави, дали има шанси да се отвори компанија за производство и во Македонија?

Ние имаме производство во Словенија, Хрватска, Босна и во Србија, значи во четири држави имаме. Во моментот немаме амбиции за воспоставување нови погони, ги немаме искористено сите капацитети.

 

Денар: Од каде доаѓа месото кое се продава во Македонија?

Свежото месо доаѓа од Словенија, а другите производи во најголем дел од Босна.

 

Денар: Кои се плановите на групацијата Перутнина во поглед на освојувањето на нови пазари?

Ние сигурно во моментов гледаме нови пазари. Едно е, веќе почнавме да возиме во арапските земји, почнавме да ги возиме своите производи во Албанија. Ние во моментов се подготвуваме да ги возиме нашите производи во Русија.

Денар: Како ќе извезувате кон Русија со оглед на ембаргото што во моментов го има кон Европската Унија?

Русија може единствено во моментов преку Србија. Србија нема ембарго така што се подготвуваме да возиме производи од Србија.  Европската Унија, Словенија и Хрватска, ги немаат тие дозволи и на тој начин би можеле некои свои производи да однесеме во Русија.

 

Денар: Колкав е годишниот обем на производство на Перутнина?

Произведуваме околу 82 милиони пилешко месо, околу 40 милиони преработки; колбаси, готови производи; сигурно во моментов сме најголем производител меѓу Минхен и Истанбул, најголем производител во овој дел на Балканот.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП