19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕLGA STYLE & LUXURY – само за луѓе со стил(фото)

LGA STYLE & LUXURY – само за луѓе со стил(фото)

aag

Пред нецела година Скопје доби нова ексклузивна продавница за пури и аксесоари за пури.

Опремена со стил, во кој преовладува масивното дрво и стаклените површини, LGA STYLE & LUXURY ви дава чувство дека не сте во центарот на Скопје. Дрвото како детал е одлична асоцијација на алкохолот и пурите.

aaa

Она кое импресионира е големиот хумидор каде можете да најдете огромен избор на пури од Мексико, Никарагва, Доминиканската Република, Хондурас, и други земји кои се препознатливи по добриот и квалитетен тутун за производство на пури. Единствено место каде можете да купите пури од светски познатите брендови како Rocky Patel, La Aurora, Oliva, Padron, J.C.Newman, Ashton, La Flor Domenicana, My Father Cigars, Carlos Torano, Alberto Turrent, Tatuaje, и други. Има буквално огромен избор за секого, за оние почетниците, за оние кои веќе почнале да го пронаѓаат уживањето, и за оние кои веќе се длабоко навлезени.

aac

“Уживањето во пурите е една посебна филозофија. Да се води една продавница за пури претставува и обврска да им се објасни на луѓето што всушност претставува пурата и како навистина се ужива во неа. Малкумина знаат тоа вистински да го прават. Со отворањето минатата година направивме голем чекор кон збогатување на брендовите и донесовме голем избор од светски познатите производители. Нудиме и огромен избор на аксесоари за пури.” – изјави Марко Трендафилов сопственик на LGA STYLE & LUXURY.

aab

Сите уживатели имаат можност да купат и некои од задолжителните аксесоари за пури како секачи и бренери од брендот XIKAR и PORSCHE, како и голем избор на хумидори за чување на пури. Исто така, ќе најдете и голем избор на брендови на виски и коњаци, квалитетни македонски, италијански и француски бели и црвени вина, шампањи.

aae

Најдете време и поминете во центарот на Скопје, на улица Никола Вапцаров, наспроти поранешна Арабеска, и направете го вашиот живот комплетен.

aaf

aag

aad

aah

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП