28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската влада воведе економски санкции за Турција

Руската влада воведе економски санкции за Турција

medvedev rusija

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, потпиша декрет со којшто се забранува увоз на храна од Турција, како и чартер летови меѓу двете земји.

Овие мерки се одговор на соборувањето на рускиот авион од страна на Турција пред една недела. Руската влада ќе ги контролира и редовните летови меѓу двете земји.

„Забраната за чартер летови важи за сите, освен за специјалните летови со кои туристите кои се сé уште во Турција треба да се вратат во Русија. Исто така, ќе бидат преземени и дополнителни мерки за безбедноста во авиосообраќајот на редовните летови за Турција“, пренесува RT.

На работодавачите им се забранува да вработуваат работници од турска националност, освен ако веќе не се вработени.

Декретот е објавен на официјалната страница на руската влада и содржи производи кои Русија од 1-ви јануари 2016-та година веќе нема да ги увезува од Турција, а меѓу кои се овошје и зеленчук, како доматот, кромидот, грозјето и јаболката, како и производи од пилешко месо. Од 1-ви јануари, исто така, ќе биде забранет увозот на каранфили од Турција.

На листата на санкционирани производи се наоѓаат и лимонот, оревите, кои Русија ги увезува од Турција во големи количини.

Гасоводот Турски тек и нуклеарната централа Акуј не се на листата санкции од официјална Москва против Анкара и во декретот нема никакви информации кои се однесуваат на мерки во енергетскиот сектор.

Русија е трет трговски партнер на Турција, покажуваат анализите за вториот квартал од оваа година. За Турција посебно се важни руските туристи чии посети изнесуваат 10 отсто од сите посети во таа земја. За првите девет месеци од оваа година Турција ја посетиле 3,3 милиони руски туристи.

Според анализите на Федерацијата на сопственици на хотели во Турција, оваа земја би можела да изгуби 4,5 милијарди долари оваа година само од посетата на руските туристи, додека вкупната загуба би можел да биде околу 20 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП