16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ ќе го врати Ашковски во Партизан

Друловиќ ќе го врати Ашковски во Партизан

askovski 22

Љубинко Друловиќ, поранешниот селектор на Македонија, најави дека Стефан Ашковски во зимската пауза ќе се врати во Партизан.

Ашковски е играч на белградски Партизан кој сезонава ги брани боите на Нови Пазар, а со неговите два гола на почетокот на сезоната овој тим ги совлада „црно белите“.

Друловиќ добро ги познава квалитетите на Ашковски, кој редовно добиваше повик во македонската репрезентација додека тој беше на селекторската позиција.

„Стефан Ашковски пред да се повреди играше добро за Нови Пазар. Тој е еден од играчите на кои сериозно ќе сметаме во пролетниот дел од сезоната“, рекол Друловиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП