25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдна рака ореви секој ден ќе ве заштити од дијабетес

Една рака ореви секој ден ќе ве заштити од дијабетес

Walnuts with leaf.

Лицата кои секој ден ќе изедат по една рака ореви ќе го намалат ризикот од заболување од дијабетес тип 2, објавија американските научници.

Секојдневното консумирање на ореви во текот на шест месеци резултира со подобрување на функацијата на крвнитe садови и намалувањето на т.н. лош (ЛДЛ) холестерол во крвта, инаку важен фактор за ризикот од дијабетес.

Оревите се одличен извор на масни киселини и други хранливи материи, на пример, фосфор и витамин Е. Дваесет до триесет и пет проценти од дневниот внес на калории би требало да бидат масти, се вели во научниот магазин „BMJ Open Diabetes Research & Care“

Истражувањето на научниците од Јејл е направено врз 31 маж и 81 жена на возраст од 25 до 75 години, кои шест месеци секојдневно јаделе околу 60 грама ореви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП